Од брзо еспресо до цело искуство: Како кафулињата го менуваат начинот на кој го пиеме кафето
Новите кафе-концепти сè повеќе го ставаат акцентот на квалитетот, просторот и приказната зад шолјата, а specialty кафето продолжува да се шири.

Замислете да влезете во ист локал во 9 часот наутро на кафе, попладне да седнете на ручек, а навечер просторот да има сосема поинаква атмосфера со вино или коктели. Токму ваквите мултиконцептни простори се издвојуваат како интересен ресторански тренд за 2026 година.
James Beard Foundation го препознава развојот на места кои во различни периоди од денот имаат различна улога. Како пример е наведена идејата кафуле преку ден да функционира како ресторан навечер, но трендот може да оди и во други насоки.
Пекарница може да стане мал ресторан по завршувањето на дневната работа, кафуле може да се претвори во вински бар, а продавница за вино може да стане место за дружење во соседството.
Зошто ова им е интересно на гостите? Затоа што не мора да избираат меѓу неколку различни места. Еден простор може да им понуди повеќе искуства, зависно од времето и поводот.
Но, концептот е интересен и за самите угостители. Наместо просторот да биде најактивен само неколку часа во денот, неговата намена може да се менува и да привлекува различни гости во различни периоди.
Особено важен е и моментот на создавање заедница. Едно место може наутро да биде мирно соседско кафуле, попладне место за ручек, а навечер да стане простор за дружење и пијалак.
James Beard Foundation токму ова го поврзува со идејата за „third place“ – простор кој не е ниту дом ниту работа, туку место каде луѓето сакаат да поминуваат време и да се враќаат.
Трендот покажува дека иднината на угостителството можеби нема да биде во строго дефинирање дали некој локал е кафуле, ресторан или бар. Сè почесто, едно место може да биде – сето тоа.
Pexels – bar 1
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!