Пребарување
ПИЈАЛАК 08.10.2026

ТАЈНАТА ВО ТВОЈАТА ЧАША: Зошто пивото е постаро од лебот и кој пивски стил е идеален за твојот вкус?

Dimitar Babalkov

Од случајно откритие во древните времиња до пијалак што служел како лек и валута, пивото зад себе има историја долга над 6.000 години. Иако индустриското производство со децении го форсираше полесниот вкус, занаетчиската (крафт) револуција му ја врати автентичноста и богатството на хмељот.

Главната поделба на сите видови пива се заснова врз начинот на ферментација: лагери (долно врење) и ејлови (горно врење), додека посебна категорија се белгиските ламбик пива кои настануваат преку спонтана ферментација со диви квасци. Покрај ова, комбинациите од житарици, хмељ, вода и специјални додатоци овозможуваат креирање на илјадници различни пивски стилови низ светот.

Лагерите потекнуваат од Чешка и Баварија и го добиле своето име од германскиот збор за складирање, бидејќи традиционално одлежаувале во ладни подруми. Тие ферментираат бавно на ниски температури, при што квасецот паѓа на дното, давајќи сув, чист и освежителен вкус. Најпознати претставници од оваа група се хмељастиот Пилснер, благиот Хелес, како и потемните варијанти како Дункел и Октоберфест Марцен.

Ејлови-те ферментираат на повисоки температури, при што шеќерот не се претвора целосно во алкохол, што ги прави погусти, послатки и значително покомплексни. Меѓу нив посебно се издвојуваат интензивно горчливиот IPA (India Pale Ale), густите темни стилови Портер и Стаут со ароми на чоколадо и кафе, како и белгиските бели пшенични пива (Witbier) обогатени со корупка од портокал и коријандер.

Разбирањето на овие разлики овозможува подобро препознавање на профилот на секое пиво и негово совршено комбинирање со храна, што станува сè поважен стандард во модерното угостителство.

pexels – pivo