Пребарување

Од корејски солен леб до „натоварени“ јадења: Ова се вкусовите што Интернетот ги турка во рестораните

Dimitar Babalkov

Новите гастрономски хитови сè почесто се раѓаат на интернет, а потоа се преселуваат во менијата. Некои од нив изгледаат чудно, други раскошно, но заедничко им е едно – невозможно е да ги видите и да не посакате да ги пробате.

Денес не мора прво да станете познато јадење за потоа да добиете внимание на интернет. Сè почесто е обратно. Јадењето прво станува визуелен хит, луѓето го споделуваат, а рестораните потоа почнуваат да го ставаат на мени.

Ова создава сосема нова динамика во гастрономијата. Не е доволно јадењето да биде вкусно – пожелно е да има нешто што ќе го натера гостинот да го фотографира. Тоа може да биде необична текстура, огромна порција, растеглив кашкавал, впечатлив сос или едноставно комбинација што никој не ја очекува.

Токму вакви трендови ќе бидат во центарот на претстојниот Eater Off Menu 2026 во Лос Анџелес. Меѓу издвоените феномени се корејскиот солен леб, впечатливи палачинки, конзервиран зеленчук, таканаречени loaded spice bags, како и новиот бран steakhouse ресторани.

Особено е интересно што не станува збор за една национална кујна. Во истиот тренд може да се најдат корејски техники, британска храна, американски steakhouse концепти и јадења што тешко можат да се стават во една категорија. Интернетот ги меша традициите многу побрзо отколку што тоа некогаш го правеле ресторанските кујни.

А најголемата последица е што гостите стануваат дел од машината што создава трендови. Еден необичен сендвич може преку една вечер да биде виден од милиони луѓе, а следната недела да се појави на мени на другата страна од светот. Можеби најмоќниот гастрономски критичар денес не седи во ресторан – туку скрола на телефонот.

pexels – restorantska hrana