Пребарување
Храна 27.08.2026

Едноставен трик повторно ја прави овенатата салата свежа и крцкава! Вака прават рестораните и хотелите

Dimitar Babalkov

Листовите кои омекнале по неколку дена во фрижидер можат повторно да станат свежи, а потребни ви се само ладна вода и малку време.

Зелената салата често омекнува и ја губи свежината по само неколку дена во фрижидер, но тоа не значи дека веднаш треба да ја фрлите. Лиснатото зеленчук содржи голема количина вода, која постепено ја губи по бербата или сечењето. Поради тоа растителните клетки ја губат цврстината, па листовите стануваат меки и овенати.

Најчесто станува збор за дехидрација, а не за расипување, па со правилна хидратација може да им се врати голем дел од првобитната свежина. Сепак, важно е да се направи разлика меѓу овената и расипана салата. Ако има непријатен мирис, слузава текстура или темни и скапани делови, не треба да се обидувате да ја спасите.

За да ја вратите крцкавоста, листовите или целата главица ставете ги во голем сад со многу студена вода, а по можност додадете и коцки мраз. Садот потоа ставете го во фрижидер 15 до 30 минути, додека за поцврст зеленчук, како морков, целер или ротквици, постапката може да трае и до еден час. Студената вода ќе помогне зеленчукот повторно да впие дел од изгубената вода.

По натопувањето, салатата мора добро да се исуши за да остане крцкава. Најдобро е тоа да го направите со центрифуга за салата или со чиста кујнска крпа. Истата техника ја користат и професионалните готвачи, кои често го ставаат лиснатиот зеленчук во ледена вода непосредно пред послужување за да стане повторно поцврст, посвеж и повкусен.

pexels-beth-fitzpatrick-742222899-38413473