James Beard Foundation го препознава развојот на места кои во различни периоди од денот имаат различна улога. Како пример е наведена идејата кафуле преку ден да функционира како ресторан навечер, но трендот може да оди и во други насоки.
Пекарница може да стане мал ресторан по завршувањето на дневната работа, кафуле може да се претвори во вински бар, а продавница за вино може да стане место за дружење во соседството.
Зошто ова им е интересно на гостите? Затоа што не мора да избираат меѓу неколку различни места. Еден простор може да им понуди повеќе искуства, зависно од времето и поводот.
Но, концептот е интересен и за самите угостители. Наместо просторот да биде најактивен само неколку часа во денот, неговата намена може да се менува и да привлекува различни гости во различни периоди.
Особено важен е и моментот на создавање заедница. Едно место може наутро да биде мирно соседско кафуле, попладне место за ручек, а навечер да стане простор за дружење и пијалак.
James Beard Foundation токму ова го поврзува со идејата за „third place“ – простор кој не е ниту дом ниту работа, туку место каде луѓето сакаат да поминуваат време и да се враќаат.
Трендот покажува дека иднината на угостителството можеби нема да биде во строго дефинирање дали некој локал е кафуле, ресторан или бар. Сè почесто, едно место може да биде – сето тоа.
Pexels – bar 1