Кафето веќе не е само пијалак – туку ритуал: Трендови и трикови што го менуваат секое утро
Мирисот на свежо кафе повеќе не значи само „разбуди се“ – туку и „уживај“.

Во светот на угостителството, каде што деталите прават разлика, latte art стана препознатлив симбол на професионализам и креативност. Техниката на украсување кафе со млечна пена не само што го збогатува визуелниот изглед на напитокот, туку создава и посебно искуство за гостинот. Професионалниот бариста Бојан Стилин објаснува дека latte art не е само украс, туку вештина што бара познавање на кафето, опремата, температурата на млекото и прецизна рака.
Пиењето кафе со децении се развивало паралелно со технологијата и новите видови кафе – од домашното (турско) кафе до еспресо културата. Она што останало непроменето е важноста на вкусот, но со текот на времето се појавиле и визуелни детали кои го збогатуваат целокупното уживање.
Latte art – вештина што ја подигнува културата на кафе
Така се развила уметноста на украсување кафе со млечна пена, позната како latte art. Со неа, професијата бариста добила ново значење и повисок статус. Иако релативно млада, оваа професија и кај нас сè повеќе се етаблира. За навистина квалитетно кафе, баристата мора да го познава потеклото и аромата на кафето, апаратот и начинот на сервирање.
Latte art е уметност на украсување кафе со млечна крема која ги интригира гостите и претставува предизвик за младите баристи“ – вели Бојан.
За квалитетна изведба потребни се соодветни услови: правилно подесен еспресо апарат, добар мелач, свежо кафе, како и латиера со соодветна големина и алатки за цртање.

Откако ќе се совладаат основните техники и форми, секоја шолја станува можност за креативно изненадување. Според искуството на Бојан, ниту еден гостин не останува рамнодушен – тие се враќаат, споделуваат фотографии и оставаат позитивни впечатоци.
Основи на latte art техниката
Како основа се користи правилно екстрахиран еспресо – 30 ml за 25–30 секунди. Млекото се загрева до 60–70 °C, со правилно вртежно движење, за да се добие мазна, еластична крема без воздух. Суштината на latte art е во соединувањето на еспресото и млечната крема, при што се создаваат основните форми: срце, роза и лале, од кои произлегуваат посложени цртежи.
Постојат две главни техники: free pour, каде формите се создаваат со истурање на кремата, и etching, каде со „пенкало“ се доработуваат деталите. Често овие техники се комбинираат, со дополнителна употреба на какао или чоколадо.

Latte art одамна не е само тренд, туку дел од современата кафе култура. Секоја шолја со нацртан мотив е личен потпис на баристата и доказ за посветеност кон квалитетот. Во индустрија каде што искуството на гостинот е клучно, latte art е деталот што прави разлика помеѓу обично и незаборавно кафе.
ФОТО: pexels
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!