Дали би оделе во ресторан со фантастична храна, но во кој келнерката ќе ви удри шлаканица по оброкот? Во Јапонија сè може да се види, а во Нагоји дури и ресторан каде што токму тоа е пракса.
Келнерки облечени во кимоно им „делат“ шлаканици на гостите за околу 300 јени (1,8 евра).
Секако, тоа не е задолжително, но сè поголем е бројот на гости во ресторанот кои дополнително плаќаат за да им се изврши физичко насилство.
Цената на две шлаканици во ресторанот „Шачихоко“ е 1,8 евра, а колку повеќе платите и колку повеќе ве удираат, толку помалку ќе платите за оброкот. Со други зборови, повеќе шлаканици – помалку пари.
„Ова е Шачихоко, ресторан во Нагоји, каде келнерките делат шлаканици како пити. На менито имате опција ‘шлаканица од келнерка’ која можете да ја нарачате со јадењето. Пред или потоа, или во двата случаи, таа ќе дојде мртва сериозна и ќе ве казни за сите претходни гревови“, пишува корисник на платформата Х.
Тој додава дека одредени муштерии бараат што посилни шлаканици, па така, овој метод во ресторанот полека може да се претвори во домино-игра.
Но управата на ресторанот пред извесно време објавила дека опцијата за удирање шлаканици на гостите моментално не е вклучено во понудата.
Медиумите нагласуваат дека имало здруженија кои се бунеле против оваа пракса, па шлаканиците моментално се укинати, но тоа не значи дека никогаш нема да се вратат.