Во рестораните ширум светот сè почесто се забележува нов модел на нарачување. Наместо класично предјадење, главно јадење и десерт, гостите избираат повеќе мали порции што се делат на масата. Концептот не е нов, но неговата популарност никогаш не била поголема.
Трендот дополнително се засили по популаризацијата на „girl dinner“ концептот на социјалните мрежи. Идејата е едноставна – повеќе различни вкусови во помали количини, без строги правила за редоследот на јадењата. За многумина токму тоа претставува идеален начин на уживање во храната.
Рестораните брзо ја препознаа оваа промена и почнаа да нудат менија со мали чинии, tapas концепти и јадења создадени за споделување. Гостите на тој начин можат да пробаат повеќе специјалитети без да се чувствуваат прејадено.
Овој пристап носи и посоцијално искуство. Разговорите околу масата стануваат подинамични, а храната добива улога на дел од дружењето, а не само оброк. Токму затоа ваквиот начин на јадење особено добро функционира во поголеми друштва.
Изгледа дека иднината на рестораните ќе биде помалку формална, а многу повеќе насочена кон споделување и заедничко уживање.
pexels – hrana vo restorani