Во подножјето на величествената Шар Планина, среде најголемиот вишнов овоштарник во Полошкиот Регион, се крие место што сè повеќе го привлекува вниманието на љубителите на добрата храна, природата и автентичните доживувања. На само дваесетина минути од Скопје, во селото Брвеница, Електра Гарден нуди поинакво искуство – мирно засолниште каде што времето тече побавно, а секој оброк се претвора во вистинско гастрономско уживање.
Опкружен со зеленило, овоштарници и спектакуларен поглед кон Шар Планина, ресторанот претставува совршен спој на природна убавина, современ комфор и традиционална гостопримливост.
На простор од повеќе од 10.000 квадратни метри, Електра Гарден плени со својот внимателно осмислен амбиент. Рустичната естетика се надополнува со модерни детали, создавајќи простор кој природно се вклопува во околниот пејзаж.
Летниковците сместени меѓу зеленилото, пространата летна тераса и затворениот ресторан со централен камин нудат атмосфера што подеднакво одговара и за семејни ручеци и за романтични вечери.
Посебно внимание е посветено на најмладите посетители. Детското игралиште, декоративното езеро со фонтани и широките тревни површини овозможуваат безгрижна игра и забава, додека возрасните уживаат во мирот, природата и внимателно подготвените специјалитети.
Нашата идеја беше да создадеме место каде што гостите нема само да дојдат на оброк, туку ќе можат вистински да се опуштат, да здивнат и барем накратко да се оддалечат од секојдневниот ритам“, велат од тимот на Електра Гарден.
Во летниот период, свежиот планински воздух што се спушта од Шара создава природно разладен амбиент, правејќи го комплексот идеално место за целодневен престој.
Вкусови инспирирани од регионот
Гастрономската филозофија на Електра Гарден се темели на локални производи, свежина и беспромисен квалитет. Во кујната се користат внимателно избрани намирници од регионот – шумски печурки, шарско сирење, зреен кашкавал, домашни сувомесни производи и свеж зеленчук од локални производители.
Гастрономската понуда можете да ја разгледате ТУКА.
Токму оваа блиска врска со природата и традицијата ја создава препознатливата гастрономска приказна на ресторанот.
Менито е инспирирано од богатото македонско кулинарско наследство, но претставено преку современ пристап и професионална подготовка. Меѓу специјалитетите што особено се издвојуваат се пафлак со праз, полнет домат, совршено приготвено пилешко филе, сочни јагнешки котлети, бавно печени ребра, традиционални домашни салати и тетовско тавче-гравче подготвено според оригинални рецепти.
Посебно место имаат и домашните десерти, кои со својата автентичност и препознатливи вкусови претставуваат совршен завршеток на секој оброк.
Совршен избор за сите важни моменти
Покрај секојдневните гастрономски уживања, Електра Гарден е подготвен и за организација на различни видови свечености и настани. Затворениот ресторан располага со капацитет од околу 250 гости, додека свечената сала може да прими до 450 посетители.
Токму затоа комплексот е идеален избор за свадби, родендени, семејни прослави, корпоративни настани и други значајни пригоди.
Дополнителна предност е и организираниот паркинг-простор со капацитет за повеќе од 350 возила, што обезбедува максимална удобност за сите гости.
Сакаме секој што ќе нè посети да посака повторно да се врати. Не само поради храната, туку поради чувството што го носи престојот овде“, порачуваат од Електра Гарден.
Во време кога сè почесто бараме места каде што можеме да се исклучиме од брзото секојдневие, Електра Гарден нуди токму такво искуство – дестинација каде што природата станува дел од трпезата, а секое јадење раскажува приказна за богатството на регионот што го опкружува.
Уживањето во вечерата, чашата вино и долгите разговори со пријателите наскоро би можело да има временски рок. Сè повеќе ресторани воведуваат ограничување на времето што гостите смеат да го поминат на резервираната маса. Иако на прв поглед оваа практика може да делува непријатно и да создава чувство дека некој ве брза да си заминете, угостителите имаат прилично добри причини за неа.
Новата италијанска остерија Edmondo се отвори на Lombard Street, во историска зграда во лондонскиот финансиски центар. Ресторанот има капацитет за повеќе од 200 гости, отворена кујна, коктел-бар и три приватни простории.
Не станува збор само за прашање на бонтон. Истражувањата покажуваат дека присуството и користењето на мобилните телефони за време на заедничките оброци можат да влијаат врз квалитетот на комуникацијата и задоволството од времето поминато со блиските.
Понудата на пијалаци во рестораните се менува. Покрај кафето, соковите и газираните пијалаци, сè повеќе место добиваат комбухата, ферментираните овошни напитоци, пребиотските газирани пијалаци и комбинациите со билки и зачини.
Пријавете се на нашиот newsletter
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!
Оваа страница користи колачиња (cookies). Со продолжување со користење на страницата се согласувате со нашата употреба на колачиња.