Крај на профитот во рестораните? Трошоците растат, а угостителите се соочуваат со сè поголем притисок
Рестораните можат да бидат полни, персоналот постојано да работи, а на крајот од месецот профитот повторно да биде разочарувачки. Зголемените цени на храната, повисоките трошоци за работна сила, енергија и одржување создаваат сериозен притисок врз угостителскиот сектор, во кој правилното управување со секој трошок станува клучно за опстанокот на бизнисот.







