Пребарување
Тренд 12.09.2026

Кафето повеќе не се нарачува само со млеко: новиот „coffee omakase“ го претвора пиењето во гастрономско шоу

Dimitar Babalkov

Наместо гостите сами да избираат една шолја, баристата го презема изборот и им сервира цела низа различни кафиња, методи и вкусови.

Кога ќе се каже omakase, првата асоцијација најчесто е јапонски ресторан и готвач кој сам го избира менито. Сега истиот принцип се преселува во specialty coffee сцената. Кај „coffee omakase“, гостинот не доаѓа да нарача едно кафе, туку му го препушта целото искуство на баристата – од изборот на зрното и начинот на подготовка до температурата, чашата и редоследот на пијалаците.

Од шолја до дегустациско мени

Некои концепти нудат повеќекратни дегустации во кои едно кафе се претставува преку различни техники. На менито може да се појават еспресо, филтер, ладна екстракција или пијалак направен од делови од самото кафе што вообичаено не се користат на истиот начин. Идејата е гостите постепено да го почувствуваат кафето, наместо само да го испијат.

Овој формат го менува и статусот на баристата. Тој повеќе не е само човекот што ја подготвува нарачката, туку станува водич низ целото искуство. Во САД веќе постојат концепти со повеќекурсни coffee omakase менија, а некои од нив се распродаваат и по цена од десетици долари за дегустација.

Кафето како гастрономија

Трендот веројатно ќе остане нишов, но токму тоа му ја зголемува привлечноста. Како и кај fine dining, гостите не плаќаат само за производот, туку за знаењето, приказната и начинот на кој им е претставен. Во време кога specialty coffee станува сè пософистициран, coffee omakase е следниот чекор – од „сакам кафе“ кон „сакам да искусам кафе“.

Kafe Freepik