Пребарување
Тренд 27.06.2026

Кафето повеќе не се пие само жешко: Пијалакот што летово ги освои кафулињата

Dimitar Babalkov

Ладното кафе одамна престана да биде само летна алтернатива на еспресото. Денес тоа е еден од најбрзо растечките сегменти во светската кафе-индустрија.

Во голем број кафулиња низ светот, продажбата на ладни кафе-пијалаци расте побрзо од традиционалното кафе. Особено помладите генерации сè почесто избираат Cold Brew, Nitro Coffee или различни варијации на Iced Latte. За многумина тоа веќе не е сезонски избор, туку секојдневна навика.

За разлика од класичното ладно кафе, Cold Brew се подготвува со долга екстракција во ладна вода која трае и до 24 часа. Резултатот е помалку кисел и значително поблаг вкус, што го прави исклучително популарен кај луѓето кои не сакаат силна горчина. Дополнително, ваквото кафе често содржи и помалку киселини.

Во азиските земји веќе се појавуваат и нови трендови како кокосово кафе, кафе со тоник, како и комбинации со овошје и зачини. Она што до неодамна звучеше необично денес се наоѓа на менијата на најпознатите кафулиња во светот. Креативноста станува подеднакво важна како и квалитетот на зрното.

Големите кафе-синџири веќе инвестираат огромни средства во развој на нови ладни пијалаци. Според податоците од индустријата, на некои пазари повеќе од половина од продажбата веќе доаѓа токму од ладното кафе. Тоа е показател дека навиките на потрошувачите се менуваат побрзо од кога било.

Летото очигледно му припаѓа на кафето со многу мраз, интересни комбинации и фотографии што завршуваат на социјалните мрежи уште пред првиот голтка.

kafe Freepik Senivpetro