Во Хотел „Континентал“ се одржа 17. Државно првенство на бармени во организација на Здружението на бармени на Македонија (IBA). Меѓу 28 натпреварувачи, титулата ја освои Васил Пеевски, кој ќе ја претставува Македонија на светското првенство во Макао, додека беа доделени и награди за техника и најатрактивен коктел.
На 08 ми Април во Хотел Континентал Скопје се одржа 17 тото Државно Првенство на Бармени. Натпреварот е во организација на Здружението на Бармени на Македонија кое е член на IBA – Интернационалната асоцијација на бармени.
На натпреварот учествуваа 28 бармени од повеќе градови од Македонија. Тие ги презентираа своите креации пред стручно жири, кое ги избра најдобрите.
Првото место го освои Васил Пеевски кој на есен ќе ја претставува Македонија на Светското првенство на Бармени во Макао. Втор беше Бојан Михајловски а третото место го освои Никола Анастасијески.
Наградата за најдобра техника ја освои Филип Марковски а наградата за најатрактивен коктел и припадна на Сања Дракулиќ.
Американскиот ланец воведе две нови сезонски комбинации, врати два популарни вкуса и за првпат додаде празничен десерт. Понудата е достапна во повеќе од 1.225 локации.
Од мед со чили до крцкаво масло со зачини, новите комбинации на вкусови им даваат поинаков карактер на пиците, бургерите, прженото пилешко и многу други омилени јадења.
Од кимчи и ферментирани сосови до киселен сезонски зеленчук, техниките што со векови се користеле за зачувување на храната денес стануваат важна алатка во кујните на современите ресторани.
Од прецизно обликувани мусови и огледални глазури до десерти со неочекувани текстури – слатката завршница на оброкот станува важен дел од ресторанското искуство.
Пријавете се на нашиот newsletter
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!
Оваа страница користи колачиња (cookies). Со продолжување со користење на страницата се согласувате со нашата употреба на колачиња.