Раст на food delivery пазарот: доставата станува сериозен конкурент на рестораните
Апликациите за достава на храна бележат континуиран раст и значително го менуваат начинот на консумирање на гастрономски производи.

Илјадници локални жители ни раскажаа сè за јадењето во своите градови – и така ги рангиравме светските кулинарски престолнини за 2026 година
Да бидеме искрени: град без добра храна не е тоа-тоа. Од улична храна до врвни ресторани, од семејни таверни до авангардни кујни – јадењето и пиењето се срцето на локалната култура и една од главните причини поради кои патуваме.
Timeout.com анкетираше илјадници луѓе ширум светот за храната во нивниот град. Локалците ја оценуваа гастрономската сцена според 18 различни критериуми – од квалитет и достапност на цените, до генерални карактеристики.
Резултатот? Навистина вкусна листа. Ако сте подготвени за гастрономско патување, продолжете со читање – ова се градовите со најдобра храна на планетата. Добар апетит.
Зошто да се посети сега: Она што ја прави храната во Бангкок толку добра е истото тоа што го прави и самиот град толку возбудлив: може да биде што и да посакате. Луксузната вечера може да биде незаборавна, но исто толку совршен може да биде и оброк од три долари под флуоресцентни светла на улична тезга. Најдобриот совет е едноставен: прошетајте, видете каде има гужва и што изгледа вкусно – нарачате и јадете. Старото градско јадро и Кинескиот кварт се омилени со причина, но најдобрата чинија нудли често е онаа што ве „повикува“ во два часот по полноќ.
Ако јадете само едно нешто: Som tam има насекаде, но легендарното место за улична храна Hai Som Tam Convent подготвува врвна верзија – пикантна салата од зелена папаја и лути чили пиперчиња. Совршена е со леплив ориз, печено пилешко и ладно пиво.
Зошто да се посети сега: Гастрономската сцена во Мадрид отсекогаш била легендарна, но моментално е повозбудлива од кога било претходно. Тука е најдобриот органски ресторан во светот според Green Guide (El Invernadero), ресторан со Мишелин ѕвезда посветен на јадења од месо (La Tasquería), како и единствениот луксузен ресторан сместен во историско фламенко-таблао (Corral de la Morería). Бистроа со природни вина никнуваат насекаде, малите пекарници цветаат, а младите готвачи создаваат бран нова енергија во OSA, Chispa, Lur и Tonton. Во меѓувреме, населбата Трафалгар е преполна со нови интересни локали. Сепак, мадриѓаните не се откажуваат ни од старите класици – како култниот ресторан Sacha, 25-годишниот La Tasquita de Enfrente, како и малите традиционални casas de comidas кои успешно ги игнорираат трендовите.
Ако јадете само едно нешто: Нарачајте што било со зеленчук во Pabú, каде што готвачот Коко Монтес свежите продукти ги претвора во вистинска гастрономска поезија. Резултатот е совршен спој на техника, знаење, елеганција и одржливост – и е едно од најновите кулинарски откритија на Мадрид.
Зошто да се посети сега: Во Мексико Сити за храната може да се зборува цел ден. Од сендвич torta de chilaquiles, преку авторски менија во Lina, Malix или Voraz, па сè до ноќни такоси al pastor во локалнен ресторан – секој има омилено место што му носи радост. Во последниве години, готвачите сè повеќе комбинираат меѓународни техники со традиционалната кујна, создавајќи возбудливи јадења кои ги искачија рестораните Pujol и Quintonil на врвот на светските гастрономски листи. Истовремено, нов бран од одлични италијански, корејски и тајландски ресторани ги освојува локалците – како Piazza Pasticcio, Jowong и Ladyboy.
Ако јадете само едно нешто: Ако имате среќа да ги затекнете во сезона, мора да пробате chiles en nogada во ресторанот Nicos.
Зошто да се посети сега: Можеби Пекинг е културната престолнина, но Шангај е вистинскиот гастрономски центар на Кина. Во град со речиси 25 милиони жители, внатрешната миграција значи дека 5.000 години кинеска гастрономска историја ви се на дофат на рака. Ова е рај за љубителите на кинеската кујна – можете да истражувате регионални специјалитети од далечни делови на земјата: од етнички јадења од Гуижоу, преку зачинети ражничи од Синџијанг, до тропските вкусови на Јунан. Во последните години се појави и нов бран „нео-бистроа“, каде млади кинески готвачи со меѓународно искуство експериментираат со локални сезонски намирници.
Ако јадете само едно нешто: Почнете со локалната шангајска кујна – пробајте shengjianbao (пржени кнедли со супа). Слични на познатите xiaolongbao, тие се полни со свинско месо и супа, со неодоливо крцкаво дно.
Зошто да се посети сега: Дури и за град што важи за гастрономска престолнина на светот, сцената во Париз никогаш не била пожива. Нови ресторани се отвораат постојано: бистроа кои им даваат свежа интерпретација на француските класици (Lissit, Cornichon, Café de l’Usine), вински барови идеални за дружби (Les Œillets, Furia), модерни кафулиња каде можете да уживате во колачи покрај модни ентузијасти (Grave, Simple) и луксузни ресторани (Vaisseau, Datil, Le Gabriel) со јадења што кратко се задржуваат на менито – но долго во сеќавањето.
Ако јадете само едно нешто:
Нарачајте saucisse purée. Овој бистро-класик, донесен во Париз од готвачите од Оверњ пред повеќе од 150 години, и денес ги теши гладните Парижани. Les Arlots подготвува речиси совршена верзија.
Зошто да се посети сега: Не е случајно што готвачи со Мишелин ѕвезди ги водат најпознатите ресторани во градот – мароканските состојки се извонредни, а кујната тука е вистинска експлозија од вкусови. Секој посетител треба да доживее традиционална мароканска diffa гозба во ријад како Dar Yacout, или автентичниот ритуал на чај во 1112 Marrakech. Но највозбудливите нови идеи се раѓаат во квартот Гуелиз. Таму е Farmers, ресторан farm-to-fork каде Дрис Алауи создава јадења од органската фарма на ресторанот. Во Terra Mia Café ќе најдете француско-мароканска слаткарница на ниво на париските, благодарение на слаткарот Дауд кој учел од легенди како Седрик Гроле.
Ако јадете само едно нешто: Специјалитетот на Маракеш е tangia – јагнешко месо бавно готвено во глинен сад со ферментиран путер, лимон, лук, ким, ѓумбир и шафран. Познато е и како „ќерка на пепелта“, бидејќи се готви во жарот на печките за хамам. Најдобро се служи во Chez Lamine.
Зошто да се посети сега: Кога станува збор за храна, Абу Даби има јасен идентитет – совршен спој на старото и новото. Од традиционални mandi оброци во скромни локали како Al Mrzab, каде се јаде на под со перници, до модерни јапонски ресторани на плажа како NIRI. Во секој агол од градот има нешто примамливо – особено на шеталиштето Mamsha Al Saadiyat. Во последно време расте и бројот на одлични локални концепти како Marmellata, Erth и Craft by Side Hustle.
Ако јадете само едно нешто: Пица со бурата во Marmellata – со воздушесто тесто, совршено печена кора и кремаста бурата одозгора.
Зошто да се посети сега: Иако плодните брегови на Нил ја направиле Египет лулка на цивилизацијата, неговата кујна сè уште е малку позната надвор од земјата – што е уште една причина да дојдете во Каиро и сами да ја откриете. Некои од омилените египетски јадења се подготвуваат уште од времето на фараоните, како koshary (макарони, ориз и леќа со наут, доматен сос и пржен кромид) и molokhia (густ чорбест специјалитет од листови јута со лук и коријандер). Организацијата Bellies En-Route, основана од жени, нуди гастрономски пешачки тури низ центарот на градот.
Ако јадете само едно нешто: Ресторанот Khufu’s нуди модерна интерпретација на класиката – koshary во форма на салата со јајца од препелица, со поглед кон Големата пирамида.
Зошто да се посети сега: Порто не е само дом на прочуеното портско вино – тука храната се сфаќа многу сериозно. Од мали семејни tascas до врвни ресторани, гастрономската сцена е исклучително жива. Рестораните се потпираат на сезонските намирници од пазари како Mercado do Bolhão, како и на квалитетното месо и свежата морска храна од крајбрежното предградие Матозинјос. За брз преглед на најдоброто што го нуди градот, тука е Time Out Market Porto, кој ги собира локалните класици и готвачите со Мишелин ѕвезди под еден покрив.
Ако јадете само едно нешто: Francesinha – легендарниот сендвич на Порто. Инспириран од францускиот croque monsieur, ова е масивен сендвич со месо, колбаси, топено сирење и густ таен сос. Одлична верзија има во Casa Inês.
Зошто да се посети сега: Неапол е еден од најстарите населени градови во Италија и светот, а неговата гастрономска традиција е речиси исто толку стара. Познат по cucina povera – „кујната на сиромашните“ – градот со векови создава незаборавни јадења од едноставни состојки. Компири, грав и остатоци од храна се претвориле во класици како тестенини со компири и провола, maccheroni frittata или пржени морски плодови во хартиени корнети. За вистинско неаполско искуство посетете ја гастрономската срцевина на градот – квартот Пињасека, каде се Trattoria del Sole и Fiorenzano.
Ако јадете само едно нешто: Pizza fritta – пржена пица од поствоеното време, богата, леплива и апсолутно неаполска. La Vera Pizza Fritta da Gennaro ја служи веќе четири генерации.
ФОТО: Freepik, Јутјуб
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!