Пребарување
Тренд 19.05.2026

Шолја кафе што носи поголем профит: како HoReCa индустријата ја претвора кафата во главен бизнис алат

Dimitar Babalkov

Кафето одамна не е само пијалок – туку стратешки производ кој го менува начинот на работа во рестораните, хотелите и баровите. Новите бизнис модели покажуваат дека токму кафето е клуч за поголем промет и подолго задржување на гостите.

Во модерната HoReCa индустрија, кафето повеќе не се гледа како спореден производ, туку како една од најважните точки на приход. Од класичен еспресо до специјални кафе концепти, овој производ станува „влезна врата“ за дополнителна потрошувачка во локалите.

Искуството на европските пазари покажува дека една едноставна шолја кафе може да ја одреди целата економија на еден објект. Гостите кои нарачуваат кафе многу почесто остануваат подолго, нарачуваат храна и дополнителни пијалаци, што директно го зголемува дневниот промет.

Во пракса, кафето има една од највисоките маржи во угостителството. Со минимален трошок за подготовка и брза испорака, локалите добиваат производ кој истовремено носи стабилен приход и ја зголемува фреквенцијата на гости.

Покрај директната продажба, кафето влијае и на однесувањето на гостите. Кога посетителот ќе седне на кафе, шансите да нарача појадок, десерт или уште едно пијалок значително растат, што ја зголемува вкупната сметка за 30 до 40 проценти.

Сè повеќе хотели и ресторани воведуваат премиум кафе концепти, каде квалитетот на зрното, опремата и начинот на сервирање директно влијаат на бренд перцепцијата. Тоа станува дел од идентитетот на локалот, а не само услуга.

Дополнително, кафето се користи и надвор од класичните барови – во хотелски соби, конференциски сали и кетеринг услуги. На тој начин се отвораат нови извори на приход кои претходно не биле искористени.

pexels-jack-atkinson-1289771108-24613542