Пребарување
Ресторан 24.06.2026

12 столчиња и Мишелинова ѕвезда: Шефот Карло Калеб ја открива тајната на успехот на ресторанот што предизвика револуција во хрватското угостителство

Marija Lukarevska

„Работиме со мали производители и многу работи ферментираме, одлежуваме и дехидрираме. Како што ги трошиме состојките или им завршува сезоната, така ги менуваме и јадењата на менито“, објаснува шефот Калеб.

Сплитскиот ресторан КРУГ е еден од најинтересните регионални ресторански проекти во последните неколку години. Концептот што на хартија изгледа речиси невозможен – ресторан со само 12 столчиња и отворена кујна околу која се одвива целиот сервис – многу брзо стана едно од најбараните места на хрватската гастрономска сцена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Krug Restaurant (@krug_restaurant)

ШАНКОТ Е ЦЕНТАРОТ НА СЛУЧУВАЊАТА

Сè во ресторанот се врти околу масивниот шанк, каде што гостите седат и набљудуваат што се случува пред нив. Приготвувањето на храната, виното и на преостанатите пијалаци се одвива пред гостите, со постојана комуникација на персоналот и детално објаснување.

Ресторанот функционира со само пет вработени – тројца во кујната и двајца во сервисот – додека менито постојано се менува во зависност од сезоната и достапноста на намирниците. Токму таа флексибилност стана еден од главните идентитети на „Круг“.

„Работиме со мали производители и многу работи ферментираме, одлежуваме и дехидрираме. Како што ги трошиме состојките или им завршува сезоната, така ги менуваме и јадењата на менито“, објаснува шефот Калеб.

За само една година менито го смениле повеќе од десет пати.

„Јадењето што најдолго се задржа е воведниот залак со јадрански ракчиња маринирани во мараскино, со ферментирана цреша, маскарпоне и кавијар“, вели нашиот соговорник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Krug Restaurant (@krug_restaurant)

ДЕГУСТАЦИСКО МЕНИ

По ракчињата со мараскино следуваат туна со рен и шалот, како и телешко со тиквичка и сенф. Посебно внимание привлекуваат печивото со сало, аспарагус и со сирење, како и шкампите со жолчка и тартуф. Во морскиот дел од менито се тестенини со школки и репка, додека централниот дел од дегустацијата му припаѓа на говедското месо со артичок и кељ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Krug Restaurant (@krug_restaurant)

Пред десертите се служи леб и путер, а завршницата на менито ја сочинуваат оцет и цвекло, како и десерт од црвен портокал, јогурт и бело чоколадо.

„Не можат сите јадења да бидат ѕвезди. Кога имате едно премногу доминантно јадење, тоа го засенува остатокот од менито. Нашата цел е баланс“, објаснува Калеб.

Токму таа контролирана едноставност можеби најдобро го опишува „Круг“. Во време кога голем број ресторани се обидуваат да импресионираат со комплицирани техники и агресивни презентации, сплитскиот ресторан оди по целосно спротивен пат.

ТЕКСТ: СВЕТИСЛАВ СТОЈАНОВИЌ

ФОТО: КРУГ