Во современите ресторани се случува интересна промена: гостите сакаат нешто ново, но не сакаат да плаќаат само за комплицирана презентација. Затоа готвачите сè повеќе се фокусираат на силен вкус, добри производи и јадења што навистина заситуваат.
Еден од најсилните трендови е ферментацијата. Таа не служи само за продолжување на трајноста на храната, туку се користи за создавање посложени вкусови и за намалување на отпадот. Од овошни оцети до ферментирани сосови, старите техники добиваат нова улога во модерната кујна.
Сè почесто се користат и делови од намирниците кои порано завршувале во отпад. Стебленца, кори, остатоци од овошје и други делови можат да станат состојка во ново јадење или сос. Идејата е едноставна – од истиот производ да се извлече што е можно повеќе вкус.
На менијата се враќаат и познатите јадења, но во посовремена форма. Modern comfort food и premium street food се издвојуваат како трендови, со познати вкусови претставени на поквалитетен и покреативен начин.
Затоа иднината на гастрономијата можеби нема да биде во што поскапи и покомплицирани јадења, туку во подобро искористување на намирниците, посилни вкусови и паметно осмислено мени. На крајот, гостите сè уште го бараат истото: храната да биде вкусна и да вреди за парите.
pexels – meni