Пребарување
Храна 16.09.2026

Домашен чипс готов за 15 минути: Од кората од компир направете крцкава грицка, во ова е тајната на совршенството

Dimitar Babalkov

Наместо во канта, корите од компир може да завршат во рерна и да станат одлична ужинка со само неколку состојки.

Ако досега ја фрлавте кората од компир, можеби е време да ја искористите на поинаков начин. Со малку маслиново масло, сол и зачини, од неа можете да направите вкусен и крцкав чипс за само 15 минути.

Состојки:
  • кора од компир
  • маслиново масло
  • сол
  • слатка или чадена пиперка, бибер, лук во прав или зачини по желба
Подготовка:

Компирите добро измијте ги пред лупење, а корите ставете ги веднаш на плех со хартија за печење. Додајте маслиново масло, сол и зачини, па добро измешајте за сè рамномерно да се распредели.

Распоредете ги корите во еден слој и печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 8-10 минути, додека не добијат златна боја и не станат крцкави. Послужете ги веднаш, сами или со омилениот сос.

PEXELS – kujna – kompiri – gotvenje