Хотелите и рестораните денес вложуваат огромни средства во амбиент и storytelling. Од музика и мирис, до светло и дизајн – секој детал е внимателно осмислен. Целта е гостите да почувствуваат емоција, а не само да изедат оброк. Овој тренд веќе доминира во светските гастро центри.
Wine pairing искуствата стануваат особено популарни. Наместо класична вечера, гостите сакаат curated мени со приказна зад секое јадење и секое вино. Сомелиерите и шефовите сега играат речиси подеднакво важна улога. Луѓето бараат персонализирано искуство што изгледа ексклузивно.
Хотелите исто така се менуваат. Наместо формален luxury пристап, новите boutique концепти нудат интимна атмосфера и локален карактер. Гостите сакаат автентични детали, локална гастрономија и unique interior design. Modern hospitality денес значи чувство на доживување.
Социјалните мрежи повторно имаат огромно влијание. Просторот мора да биде „shareable“, а искуството доволно интересно за да се фотографира и објави. Многу ресторани денес дизајнираат specific corners и визуелни детали токму поради Instagram и TikTok. Визуелниот момент станува дел од гастро стратегијата.
Експертите велат дека иднината на гастро индустријата ќе биде базирана на емоции и искуства. Гостите повеќе не плаќаат само за храна или пијалак. Тие плаќаат за атмосфера, приказна и чувство што ќе сакаат повторно да го доживеат.
Фото: Pexels/Elle takes photos