Пребарување
Храна 26.10.2026

Послушајте ги советите на искусните готвачи: Со овие трикови и поевтините парчиња месо ќе ви бидат меки како путер!

Marija Lukarevska

Големите мајстори во кујната ги користат овие кулинарски трикови за да го омекнат месото и да го направат повкусно

Поевтините парчиња црвено месо обично се многу жилави, па потребно е да се приготват со многу внимание и трпение за да се добие мек и сочен специјалитет.

Еве што треба да направите!

1. Маринирајте го месото

Ако сакате месото да ви биде меко и сочно, а притоа да го задржи вкусот, ставете го во марината неколку часа или прекуноќ. Не само што така ќе го подобрите вкусот на месото, туку и ќе го омекнете. За да го омекнете месото со маринада, важно е таа да содржи некој извор на киселина, како оцет, сок од лимон или јогурт, но и многу сол.

2. Исчукајте го месото со чекан

Имате ли чекан за месо во кујната? Не само што ќе ви помогне да го истанчите парчето месо, поради што тоа ќе биде рамномерно термички обработено, туку и ќе ги омекнете жилите при постапката на чукање.

3. Сечете го месото правилно

Месарите добро знаат дека мекоста, изгледот и вкусот на печеното месо зависат и од начинот на којшто го сечете пред да го ставите во тавче или на скара. Добро прегледајте го живото парче месо и дознајте во која насока се движат мускулните влакна во него. Со нож засечете го во насоката во која се поставени влакната. На тој начин ќе ги скратите, а месото ќе стане полесно за џвакање.

4. Гответе го месото долго на пониска температура

Доколку сакате да приготвите вкусен гулаш од тврди парчиња јунешка лопатка или бут, важно е месото термички да го обработувате со часови на ниска температура. Гулашите традиционално се готват два до три часа на ниска температура, а во тој процес се разградува колагенот во мускулното ткиво на месото и жилавите парчиња стануваат меки како путер.