Долго време важеше уверувањето дека Генерација Z, генерацијата родена од крајот на 1990-тите до раните 2010-ти, во голема мера ќе го избегнува класичниот алкохол. Фокусот на трендовите кон здравје, ментален баланс и безалкохолни алтернативи ги натера многу угостители да ја преиспитаат понудата на алкохолни пијалаци. Сепак, резултатите од најновата глобална анкета IWSR Bevtrac изненадија многумина: Генерација Z консумира алкохол – но на свој начин.
Генерација Z пие алкохол, но поинаку – баровите мора да се прилагодат Новото истражување покажува дека Генерација Z не го избегнува алкохолот колку што се мислеше, но има поинакви навики и високи очекувања. Во март 2025 година, дури 73% од повозрасните припадници на Генерација Z изјавиле дека консумирале алкохол во претходните шест месеци. Ова е значајна информација за баровите, клубовите и рестораните кои се насочени кон помладата публика.
pexels-picography-4784
Клучниот контекст е следниот: Генерација Z пие умерено, селективно и најчесто во социјални, „посебни“ прилики, а не секојдневно.
Тие не пијат од навика, туку поради доживувањето. Затоа локалите кои нудат автентичен амбиент, персонализирана услуга и квалитетни коктели се во предност“ – порачуваат од IWSR.
Што треба да знаат угостителите за Генерација
pexels-cottonbro-3171837
Квалитет пред квантитет Генерација Z не нарачува „на литри“. Ги интересираат signature коктели, природни состојки, craft пива и внимателно одбрани вина.
Безалкохолна и 0% понуда Новите генерации често комбинираат алкохол со периоди на апстиненција. Затоа е важно да постои добра селекција на mocktail коктели, комбуха, сода миксови и безалкохолни пијалаци.
Амбиент и социјалност Барот повеќе не е само место за пиење. Генерација Z бара простор каде што може да се поврзе, да споделува искуства преку социјалните мрежи и да ужива во естетиката и атмосферата. Како што сè повеќе припадници на Генерација Z стануваат финансиски независни, тие се подготвени да потрошат повеќе, но очекуваат соодветна вредност за вложеното.
Генерација Z не е крај за алкохолот, туку нов почеток За сопствениците на барови, ресторани и кафулиња, Генерација Z претставува и предизвик и можност. Класичната понуда веќе не е доволна – оваа генерација не пие помалку, туку пие поинаку. Угостителите кои ќе ја препознаат промената и ќе ја прилагодат понудата, амбиентот и комуникацијата, можат да привлечат помлада публика и да создадат лојални гости кои се враќаат поради целокупното искуство, а не само поради алкохолот.
Научниците откриваат дека повеќе од половина од уживањето во кафето доаѓа преку мирисот. Токму затоа modern coffee bar концептите инвестираат во aroma experience и fresh grinding техники.
Пиjалачката сцена се менува — наместо тешки алкохоли, расте интересот за природни, полесни и нискоалкохолни пијалаци. Natural wines, low-ABV коктели и безалкохолни алтернативи стануваат нов стандард во баровите.
Specialty coffee сцената повеќе не завршува со филтер кафе и latte art. Во модерните барови, кафето станува главна состојка во коктелите, tasting менито и вечерните излегувања. Coffee culture и cocktail culture денес се спојуваат повеќе од кога било.