Нусрет Гокче важи за еден од најпознатите готвачи на светот, додека неговите ресторани се најпопуларни и претставуваат симбол за луксуз. Сепак, во последно време, познатиот угостител се соочува со многу критики на сметка на услугата во неговите енормно скапи ресторани.
Овој пат, Нусрет на својот инстаграм-профил објавил фотографија од сметка со износ од неверојатни 615.065 УАЕ, односно повеќе од 38 милиони денари, и тоа само за една вечера.
Вечерата вклучувала и скапоцени пијалаци, односно пет шишиња вино Петрус кои чинат половина од вкупниот износ на сметката, односно 325.000 УАЕ.
На сметката се нашле и две шишиња вино Luis XIII Petrus од 2009 година, кои чинеле 200.000 УАЕ. Земајќи го предвид сето тоа, не е ни чудно што крајната цифра на сметката била вртоглава.
Многу луѓе покренале дискусија во коментарите под објавата на Нусрет.
„Ова не е интелигентен начин на претставување на ресторанот, цената и животниот стил на овој човек. Ваквите објави ги вознемируваат повеќето луѓе ширум светот и ги одбиваат да посетат кој било негов ресторан, кој можеби е во нивниот град или е на дестинацијата што ја посетуваат.“, „Да, добро, брате, без разлика колку пари имаш, тие цени се смешни“, „Попрво би купил стан со толку пари“, се само некои од коментарите.