Како да направите совршена мезе-даска? Совети од експерт за сирење
Добро избраните сирења се главната ѕвезда на секоја даска за послужување, а со неколку внимателно одбрани додатоци можете да создадете комбинација што ќе ги воодушеви гостите

Добрата скара не започнува со палење на огнот, туку со правилен избор на месо. Доколку сакате Први мај да помине во знакот на сочни и вкусни залаци, најважно е навреме да одберете квалитетни парчиња.
Во нашите краишта, овој празник е речиси незамислив без скара, дружење и богата трпеза. Иако многумина имаат свои мали тајни при подготовката, основата на секој успешен оброк е токму месото – од него зависи дали резултатот ќе биде мек, сочен и полн со вкус или сув и безличен.
Едноставно правило важи за повеќето видови: парчињата со повеќе природна маснотија даваат подобар резултат. Маснотијата при печењето ја задржува сочноста и придонесува за поизразен вкус.
Најчест избор и сигурна варијанта:
Овие делови се погодни и за почетници, бидејќи тешко се прави грешка со нив.
За полесна варијанта:
За оние што претпочитаат поинтензивен вкус:
Скарата не мора да биде исклучиво месна:

На крајот, без разлика што ќе изберете, квалитетот на месото и правилната подготовка се клучни. Токму тие ја прават разликата меѓу просечна и совршена првомајска скара.
Фото: Freepik
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!