Дали смее повторно да се замрзне одмрзнатото месо? Еве кога е безбедно
Месото одмрзнато во фрижидер може повторно да се замрзне, но начинот на одмрзнување и времето поминато во фрижидер се клучни за безбедноста и квалитетот.

Наместо вода да прска насекаде и спанаќот да заврши по рацете, постојат два едноставни начини за отстранување на вишокот течност.
Смрзнатиот спанаќ е практична намирница, но вишокот вода што ја испушта по одмрзнувањето може да ја расипе текстурата на крем-супи, сосови или филови. Дополнително, рачното цедење често значи мокри раце и неред во кујната.
Еден од наједноставните трикови е спанаќот целосно да се одмрзне во оригиналната кеса. Потоа, на еден од аглите се прави мал отвор, па кесата се притиска за течноста да истече. На овој начин спанаќот останува во кесата, а рацете не доаѓаат во контакт со водата. Течноста, доколку сакате, може да се искористи и за подготовка на супа или бујон.
Друг практичен начин е користење густо цедило. Спанаќот се става во цедилото, кое се држи над мијалникот, а со вилушка се притиска за да се исцеди што поголем дел од течноста. Ова е особено корисно ако не сакате да ја користите амбалажата за цедење.
Доколку сакате спанаќот да биде речиси целосно сув, по цедењето можете да го ставите меѓу хартиени кујнски салфети или да го завиткате во чиста кујнска крпа и нежно да го притиснете. Така ќе добиете подготвен спанаќ за сосови, филови, крем-супи и други јадења, без непотребен неред.
pexels – spanak
Дознајте ги први сите новитети, ексклузивни понуди и настани!