Matto Napoletano е создаден како резултат на јасна одлука — да се донесе вистинската неаполитанска пица во Скопје, со целосна почит кон традицијата, техниката и дисциплината што ја бара овој занает.
Ресторанот Matto Napoletano официјално стана дел од AVPN (Associazione Verace Pizza Napoletana) – асоцијација со седиште во Наполи, Италија, која претставува најрелевантната организација во светот во областа на неаполитанската пица.
Ова членство и признание се доделуваат на ресторани кои строго ги почитуваат традиционалните методи и стандарди за подготовка на неаполитанска пица, дел од нематеријалното културно наследство на човештвото под заштита на UNESCO, што ја прави оваа традиција глобално призната и строго дефинирана.
Настанот се одржа во присуство на претставници на AVPN, предводени од претседателот Антонио Паче и генералниот директор Стефано Аурикио, амбасадорот на Италија, како и бројни претставници од дипломатскиот кор.
Ова за нас не е само уште едно признание, туку предизвик секојдневно да се чува традицијата на ова препознаено гастрономско наследство,“ изјавија Зоран Васиљевиќ и Дане Кузмановски, креатори на Matto Napoletano.
Matto Napoletano е создаден како резултат на јасна одлука — да се донесе вистинската неаполитанска пица во Скопје, со целосна почит кон традицијата, техниката и дисциплината што ја бара овој занает.
Во рамки на настанот, признание доби и главниот пицајоло на Matto Napoletano, Горан Мишевски, AVPN сертифициран пицајоло, кој стои зад секојдневната имплементација на овие стандарди.
Со ова признание, по низата меѓународни сертификати и признанија во областа на неаполитанската пица, Мишевски го заокружува својот професионален пат, позиционирајќи се како еден од ретките, а воедно и единствен во овие простори, пицајоло со комплетен сет на релевантни сертификации во областа на неаполитанската пица, со AVPN како највисоко признание.
Со ова признание, Matto Napoletano е единствената AVPN сертифицирана пицерија во Македонија, која работи според овие стандарди и се приклучува на глобалната мрежа на сертифицирани пицерии кои ја негуваат и пренесуваат автентичната неаполитанска традиција.
Подредот не е само за вечера, а вечерта не завршува со десертот. Границата меѓу класичниот ресторан и ноќниот живот конечно се брише со подемот на мултиконцептуалните двокатни простори.
Готвачите сè почесто ги спојуваат традиционалните рецепти со влијанија од различни делови на светот, создавајќи комбинации кои привлекуваат љубопитни гости.
Ако сте забележале дека некои ресторани веќе немаат мени со десетици страници, не сте единствени. Во светот на гастрономијата се забележува промена кон пократки, поконкретни менија, во кои секое јадење има свое место и причина зошто е понудено.