Охрид блесна во медитерански стил – EVA и „Убавина и здравје“ организираа летен настан за паметење
Повеќе од 70 гости, меѓу кои јавни личности, ТВ-водители, инфлуенсери, новинари, food, beauty, fitness и lifestyle креатори на содржина, запловија по кристално чистите води на Охридското Езеро. Погледите кон стариот дел на градот, црквата Свети Јован Канео, охридското крајбрежје и бескрајната сина површина создадоа спектакуларна сценографија, а палубата на Армада беше исполнета со насмевки, позитивна енергија и вистински медитерански дух.


Додека бродот пловеше низ езерото, привлекуваше внимание од сите страни. Туристите и посетителите од плажите и шеталиштето љубопитно го следеа крстарењето, фотографираа и мавтаа кон гостите, додека препознатливото EVA брендирање беше видливо од далеку и стана вистинска атракција на Охридското Езеро.
Уште при пристигнувањето гостите беа пречекани со освежителен welcome drink, впечатлив Champagne Wall, тематски фото-зони, полароид-катче и омилената EVA маскота Шиме, која веднаш стана една од најголемите атракции на настанот.
Шиме ги поздравуваше гостите, позираше за фотографии и селфиња, се дружеше со присутните и беше неизбежен дел од атмосферата, внесувајќи насмевки и дополнителна позитивна енергија во секој момент од крстарењето.

Во центарот на вниманието беше EVA Tuna Bar, каде што гостите имаа можност да ги дегустираат омилените EVA tuna салати – Mediterana, Mexicana, Protein и Balance, како и преостанатите рибни специјалитети од богатото портфолио на EVA. Во комбинација со внимателно избрани македонски вина, секој залак беше вистинско гастрономско патување низ Медитеранот, а гостите имаа можност да откријат нови вкусови и инспирација за лесни летни оброци.
За беспрекорната организација на EVA Mediterranean Cruise се погрижија Подравка Македонија и „Убавина и здравје“, најстариот и највлијателен lifestyle магазин за жени во Македонија, кои заеднички создадоа настан што ги поврза гастрономијата, lifestyle концептот и природните убавини на Охрид во едно несекојдневно летно искуство. Гостите ги пречека генералниот директор на Подравка Македонија, Ивица Саралиевски, кој заедно со својот тим беше дел од целото крстарење и ја претстави приказната на брендот EVA – бренд инспириран од медитеранскиот начин на живот, квалитетната храна и моментите што се паметат.
(ВИДЕО) ДЕЛ ОД АТМОСФЕРАТА МОЖЕ ДА ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ
Настанот низ целото крстарење го водеше Јована Стојменовиќ, која со својата позитивна енергија и непосредност создаде одлична атмосфера, додека за музичкиот дел беше задолжена диџејката Марија Лукаревска, која со внимателно избрани Mediterranean lounge и summer chill сетови ја претвори палубата во вистински beach club на вода.
Кулминација на музичкиот дел беше настапот на Ненад Вржалски и 90’s String Band, кој со безвременските хитови на Оливер Драгојевиќ, Џибони и Петар Грашо ги натера гостите да запеат заедно и уште еднаш го долови духот на Медитеранот.


Покрај гастрономските доживувања и прекрасната музика, големо внимание привлече токму Шиме, препознатливата EVA маскота, која беше вистински миленик на сите присутни.
Од најпознатите инфлуенсери до останатите гости, речиси сите сакаа фотографија со Шиме, кој стана едно од најпрепознатливите лица на настанот и неизбежен дел од објавите на социјалните мрежи.
На палубата на Armada се собраа едни од најпознатите македонски инфлуенсери, ТВ-лица и креатори на содржина. Меѓу нив беа Лила Филиповска, Спасе Јовановски, Марија Илиев, Октај, Антонија Локвенец, Верица Донев, Натали Cooking, Makeup Meri, Pakigram, Јасмина Попоска, Бети Пешовска, Стефанија Насеска, Ќандовски, Симона Спирковска, Тами Соколовска, Марија Спасовска и бројни други гости од медиумите, гастрономијата, модата, фитнесот и lifestyle-сцената, кои преку своите социјални мрежи ја пренесоа атмосферата од ова уникатно медитеранско искуство до десетици илјади следбеници.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Во текот на тричасовното крстарење гостите уживаа во прекрасните панорамски глетки на Охрид, летното сонце, езерскиот ветер, врвната музика, медитеранските вкусови и безбројните моменти создадени за фотографирање и споделување. Наздравувањата, смеата, танцувањето, дружењето и прекрасната енергија го направија секој момент посебен, а секој агол од бродот беше совршена летна разгледница.


Со спектакуларното крстарење на Охридското Езеро, EVA уште еднаш покажа дека не е само бренд со врвен квалитет, туку симбол на медитеранскиот начин на живот, добриот вкус и убавите моменти што вреди да се споделат.

Благодарение на внимателно осмислениот концепт, спектакуларната декорација, медитеранските вкусови, одличната музика, омилената маскота Шиме и магичната глетка кон Охрид, EVA Mediterranean Cruise без сомнение ќе остане запаметен како едно од највпечатливите lifestyle случувања ова лето и настан што уште долго ќе се прераскажува.
Текст: Убавина и здравје







