Зошто гостите не се задржуваат во вашиот ресторан? Проблемот можеби не е храната, туку бучавата!

Совршено приготвени јадења, внимателно уреден ентериер и љубезен персонал не се секогаш доволни за гостите да посакаат повторно да го посетат еден ресторан. Понекогаш причината поради која не се враќаат се крие во нешто што сопствениците речиси и не го забележуваат – премногу бучната атмосфера.