Wine & Spirit 04.08.2026

Од риба и морски плодови до кремасти тестенини – еве како да изберете добро вино и со кои јадења најдобро се комбинира

Покрај класичниот сув стил, постојат и розе варијанти, како и познатиот италијански Ramato, кој благодарение на подолга мацерација добива препознатлива бакарна боја и поизразена структура.

Охрид блесна во медитерански стил – EVA и „Убавина и здравје“ организираа летен настан за паметење

Повеќе од 70 гости, меѓу кои јавни личности, ТВ-водители, инфлуенсери, новинари, food, beauty, fitness и lifestyle креатори на содржина, запловија по кристално чистите води на Охридското Езеро. Погледите кон стариот дел на градот, црквата Свети Јован Канео, охридското крајбрежје и бескрајната сина површина создадоа спектакуларна сценографија, а палубата на Армада беше исполнета со насмевки, позитивна енергија и вистински медитерански дух.

Додека бродот пловеше низ езерото, привлекуваше внимание од сите страни. Туристите и посетителите од плажите и шеталиштето љубопитно го следеа крстарењето, фотографираа и мавтаа кон гостите, додека препознатливото EVA брендирање беше видливо од далеку и стана вистинска атракција на Охридското Езеро.

Уште при пристигнувањето гостите беа пречекани со освежителен welcome drink, впечатлив Champagne Wall, тематски фото-зони, полароид-катче и омилената EVA маскота Шиме, која веднаш стана една од најголемите атракции на настанот.

Шиме ги поздравуваше гостите, позираше за фотографии и селфиња, се дружеше со присутните и беше неизбежен дел од атмосферата, внесувајќи насмевки и дополнителна позитивна енергија во секој момент од крстарењето.

Во центарот на вниманието беше EVA Tuna Bar, каде што гостите имаа можност да ги дегустираат омилените EVA tuna салати – Mediterana, Mexicana, Protein и Balance, како и преостанатите рибни специјалитети од богатото портфолио на EVA. Во комбинација со внимателно избрани македонски вина, секој залак беше вистинско гастрономско патување низ Медитеранот, а гостите имаа можност да откријат нови вкусови и инспирација за лесни летни оброци.

За беспрекорната организација на EVA Mediterranean Cruise се погрижија Подравка Македонија и „Убавина и здравје“, најстариот и највлијателен lifestyle магазин за жени во Македонија, кои заеднички создадоа настан што ги поврза гастрономијата, lifestyle концептот и природните убавини на Охрид во едно несекојдневно летно искуство. Гостите ги пречека генералниот директор на Подравка Македонија, Ивица Саралиевски, кој заедно со својот тим беше дел од целото крстарење и ја претстави приказната на брендот EVA – бренд инспириран од медитеранскиот начин на живот, квалитетната храна и моментите што се паметат.

(ВИДЕО) ДЕЛ ОД АТМОСФЕРАТА МОЖЕ ДА ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ 

Настанот низ целото крстарење го водеше Јована Стојменовиќ, која со својата позитивна енергија и непосредност создаде одлична атмосфера, додека за музичкиот дел беше задолжена диџејката Марија Лукаревска, која со внимателно избрани Mediterranean lounge и summer chill сетови ја претвори палубата во вистински beach club на вода.

Кулминација на музичкиот дел беше настапот на Ненад Вржалски и 90’s String Band, кој со безвременските хитови на Оливер Драгојевиќ, Џибони и Петар Грашо ги натера гостите да запеат заедно и уште еднаш го долови духот на Медитеранот.

Покрај гастрономските доживувања и прекрасната музика, големо внимание привлече токму Шиме, препознатливата EVA маскота, која беше вистински миленик на сите присутни.

Од најпознатите инфлуенсери до останатите гости, речиси сите сакаа фотографија со Шиме, кој стана едно од најпрепознатливите лица на настанот и неизбежен дел од објавите на социјалните мрежи.

На палубата на Armada се собраа едни од најпознатите македонски инфлуенсери, ТВ-лица и креатори на содржина. Меѓу нив беа Лила Филиповска, Спасе Јовановски, Марија Илиев, Октај, Антонија Локвенец, Верица Донев, Натали Cooking, Makeup Meri, Pakigram, Јасмина Попоска, Бети Пешовска, Стефанија Насеска, Ќандовски, Симона Спирковска, Тами Соколовска, Марија Спасовска и бројни други гости од медиумите, гастрономијата, модата, фитнесот и lifestyle-сцената, кои преку своите социјални мрежи ја пренесоа атмосферата од ова уникатно медитеранско искуство до десетици илјади следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Poposki Branko (@cookingwithbranko)

Во текот на тричасовното крстарење гостите уживаа во прекрасните панорамски глетки на Охрид, летното сонце, езерскиот ветер, врвната музика, медитеранските вкусови и безбројните моменти создадени за фотографирање и споделување. Наздравувањата, смеата, танцувањето, дружењето и прекрасната енергија го направија секој момент посебен, а секој агол од бродот беше совршена летна разгледница.

Со спектакуларното крстарење на Охридското Езеро, EVA уште еднаш покажа дека не е само бренд со врвен квалитет, туку симбол на медитеранскиот начин на живот, добриот вкус и убавите моменти што вреди да се споделат.

Благодарение на внимателно осмислениот концепт, спектакуларната декорација, медитеранските вкусови, одличната музика, омилената маскота Шиме и магичната глетка кон Охрид, EVA Mediterranean Cruise без сомнение ќе остане запаметен како едно од највпечатливите lifestyle случувања ова лето и настан што уште долго ќе се прераскажува.

Текст: Убавина и здравје

Wine & Spirit 03.08.2026

Новиот вински бран во Европа: Полесни вина со помалку алкохол стануваат хит

Винариите од Франција, Италија и Балканот сè повеќе произведуваат вина со свеж карактер и понизок процент на алкохол, а експертите велат дека ова е најголемата промена во индустријата во последната деценија.

Тренд 03.08.2026

Револуција во хотелскиот појадок: буфето заминува, пристигнува персонализирано мени

Луксузните хотели глобално го менуваат еден од најстандардните сегменти во гостопримството – појадокот. Наместо класичен шведски стол, се воведува персонализирано мени креирано според навиките и преференциите на секој гостин.

Градовите се прегрупираат: street food бум од над 60% и тивок пад на класичните ресторани

Урбаната гастро сцена во регионот доживува силна трансформација. Street food, burger барови и delivery концепти бележат двоцифрен раст, додека класичните ресторани се соочуваат со пад на младата публика. Новите формати веќе не се тренд – туку доминантен модел во големите градови.

Тренд 01.08.2026

Гастрономските патувања стануваат нова причина за посета на дестинации: туристите тргнуваат по вкусови, не само по знаменитости

Храната станува еден од најсилните мотиви за патување. Туристите сè почесто избираат дестинации според локалната кујна, традиционалните производи и можноста да доживеат автентични гастрономски моменти.

Гостите повеќе не бараат совршена услуга – бараат моменти кои не можат да се купат

Угостителската индустрија влегува во период во кој емоцијата станува еднакво важна како квалитетот на храната или удобноста на хотелот. Малите детали и личниот пристап стануваат фактори поради кои гостите се враќаат.

Зеленчукот влегува во главната улога: рестораните создаваат јадења каде месото повеќе не е центарот

Современата гастрономија ја менува традиционалната слика за главното јадење. Сè повеќе ресторани создаваат комплексни менија во кои зеленчукот, житарките и растителните состојки добиваат третман што порано бил резервиран само за најскапите продукти.

Wine & Spirit 01.08.2026

Виното добива нова публика: младите генерации откриваат поинаков начин на уживање во чашата

Винската култура се менува. Новите љубители на виното не се заинтересирани само за етикетата, регионот или годината на производство, туку бараат приказна, искуство и полесен начин да го запознаат светот на виното.

Тренд 31.07.2026

Тишината станува ново патување: хотелите создаваат места каде гостите бегаат од дигиталниот свет

Во ера на постојани известувања, брз живот и дигитална преоптовареност, сè поголем број патници бараат нешто што порано било бесплатно – мир. Хотелите и туристичките центри создаваат нови концепти базирани на тишина, природа и забавување на темпото.

Тренд 31.07.2026

Новата дефиниција за луксуз: локалните состојки стануваат нов избор на најдобрите ресторани кои повторно се враќаат кон корените

Во време кога глобалните вкусови се достапни насекаде, најценетите ресторани во светот повторно ги откриваат локалните производи. Малите фарми, традиционалните сорти и сезонските состојки стануваат симбол на квалитет и престиж.

Една стара техника се враќа во кујните на најдобрите шефови – зошто сите зборуваат за ферментацијата

Ферментацијата, техника стара илјадници години, повторно е во центарот на модерната гастрономија. Од ресторани со Мишелин ѕвезди до мали локални бистроа, шефовите ја користат за создавање подлабоки вкусови и нови кулинарски искуства.

Хотел 31.07.2026

Хотелите повеќе не се место за престој – стануваат главната причина за патување

Новата генерација патници повеќе не избира хотел само според локацијата, бројот на ѕвезди или удобноста на собата. Сè поголем број туристи бараат објекти кои нудат целосно искуство – од гастрономија и култура до активности што не можат да се најдат никаде друго.

ПИЈАЛАК 30.07.2026

Баровите открија нова формула за коктели: помалку алкохол, повеќе вкус и креативност

Коктел сцената во светот минува низ голема промена. Новите генерации гости бараат пијалаци со подобар баланс, поквалитетни состојки и посложени ароми, а баровите одговараат со креативни рецепти кои го менуваат традиционалниот концепт за коктел.

Храна 30.07.2026

Заборавете на класичниот десерт: малите слатки задоволства стануваат новиот гастро феномен

Светот на слаткарството влегува во нова фаза во која големината повеќе не е главниот критериум за впечатлив десерт. Наместо огромни порции и тешки комбинации, модерните слаткари создаваат мали, прецизни и визуелно привлечни слатки производи кои нудат повеќе различни искуства во едно мени.